Оддржана 18 седница на Советот на Скопски плански регион

На 18-та седница на Советот за развој на Скопски плански регион градоначалникот Александар Наумоски со своите колеги ја разгледаа информацијата за изработка на нов стратешки документ –Програма за развој на Скопски плански регион 2020-2024.

Воедно беше презентиран и проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка на тема Социјална инклузија.

Пред општините е и четвртиот повик за Прекугранична соработка со Косово.