Одбележување на загинувањето на осумте бранители кај Љуботенски Бачила

Членови на семејствата и делегации на Кабинетот на Претседателот на РСМ, Владата на РСМ, Општина Ѓорче Петров, Министерството за одбрана и АРСМ, Клубот на генерали, политичките партии, здруженијата на борците и пензионерите положија цвеќе пред спомен обележјата на три локации во Ѓорче Петров, во знак на одбележување на загинувањето на осумте храбри и пожртвувани бранители.

На денешен ден, 10 август 2001 година пред точно осумнаесет години, на патот кај месноста  Љуботенски Бачила, армиско товарно возило нагази на две противтенковски мини. Животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски припадници на резервниот армиски состав.

Нека им е вечна слава.