Одбележан 9-ти Мај,  Денот на победата над фашизмот и  Денот на Европа

Општината со гордост ги одбележува Денот на победата над фашизмот и  Денот на Европа . Два светли датуми во човековата историја.

Се сеќаваме на големиот придонес на нашиот народ во победата над фашизмот, момент што придонесе за траен мир на eвропскиот континент, но истовремено треба да направиме повеќе  за нашите деца,  кои заслужуваат да живеат во Европската Унија и заедно да ги споделуваме европските вредности.

Војната е опомена за сегашните и идните генерации и никогаш не треба да се повтори најмрачната страница од историјата на човештвото.

Денеска по 74 години, оддаваме и ја покажуваме нашата почит на оние кои по цената на својот живот го победија фашизмот. Не треба да се допушти да се заборават лекциите од Втората светска војна, тоа би било предавство на сеќавањата на 50 милиони загинати во војната, рече градоначалникот Александар Наумоски на обраќањето по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и  Денот на Европа.

Денеска, Македонија како европска држава се однесува европски. Ако ја земеме предвид нашата заедничка историја, заедничка географија,  нашите заеднички вредности и заеднички стратешки интереси, во политичка и економска смисла, заклучокот е дека: Ние веќе сме важен дел од Европа, истакна Наумоски, кој потенцираше дека оваа генерација заслужува да биде дел од Европа и дел од прогресивниот и напреден свет како земја со демократска и економска перспектива.

Свеже цвеќе пред споменикот на борците на НОБ во реонскиот пак во општината положија делегации на Советот на општина Ѓорче Петров,  Здружението на борците, Здружението на пензионерите на општина Ѓорче Петров, делегацијата на урбаните и месните заедници на општината, Делегација од полициската станица Ѓорче Петров, Делегација од основните училишта и градинката Росица во Општина Ѓорче Петров, Делегација од средното училиште Кочо Рацин како и Делегации од политичките партии на Социјалдемократски Сојуз на Македонија и ВМРО – ДПМНЕ