Одбележани 99 години од убиството на Ѓорче Петров

Општината  денеска одбележува 99 години од свирепото убиство врз својот патрон Ѓорче Петров.
Оваа година, локалната самоуправа му оддаде чест на македонскиот револуционер и идеолог со положување на свеже цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк, почитувајќи ги сите препораки на Комисјата за заразни болести во време на пандемија.
Имајќи  ја предвид забраната за групирање, годинава  не се одржа вообичаената  манифестација на која традиционално присуствуваат претставници од здруженија на борците и пензионерите, претставници на политичките партии, училиштата и градинката, полицијата, Советот на општината, администрацијата како и други организации.
Во име на сите граѓани на општина Ѓорче Петров свежо цвеќе положија  Претседателот на Советот и претставници на општинската администрација.
Почит за нашиот патрон и икона на револуционерното движење Ѓорче Петров.