Одбележани 17 години од загинувањето на припадници на АРМ кај Љуботенски бачила

Членови на семејствата и делегации од општина Ѓорче Петров, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, политички партии, училишта и градинки, полицијата, министерствата за внатрешни работи и одбрана, урбаните и месни заедници и здруженија на пензионери и борци со положување цвеќе на три локации во Ѓорче Петров, одбележаа 17 години од загинувањето на осуммината припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година.На 10 август пред 17 години, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
Нека им е вечна слава.