Образовните асистенти на висина на задачата, потврда за успешна инклузија од УНДП и МТСП

Инклузијата значи еднаквост, еднакви права за сите деца и соодветно образование. Во општина Ѓорче Петров во основните училишта одамна се срушени бариерите, дискриминација, отфрленост на децата со посебни потреби, не постојат како термин.
Покрај стручниот кадар кој работи во училиштата, веќе втора година во соработка со Министерството за труд и социјала и УНДП фукционира проектот образовни асистенти за децата со посебни потреби како и асистенти за стари и изнемоштени лица.
Ефектите се очигледни. Задоволството од тоа не го кријат родителите, наставниците, самите деца а потврда стигна и од првите луѓе на УНДП и МТСП.
Координаторот на проектот Соња Палчевска-Ќосева, како и Тања Станкова, одговорна за училишните дефектолози ги презентираа резултатите со кои се покажува значително подобрување на успехот на учениците со посебни потреби, нивното прифаќање од средината. Образовните асистенти во текот на целиот училишен ден се со децата и истовремено работат со нив.
Потврда за успешното реализирање на проектот претставниците од УНДП и МТСП добија и од теренската посета, каде се уверија дека проектот функционира непречено и ги оправдува средствата.