Обезбедени 15 хигиенски тотеми со сензор за училиштата и градинките

Комората на сметководители на Македонија ги опреми со 15 апарати-хигиенски тотеми со сензор основните училишта во Општина Ѓорче Петров. Апаратите се целосно безбедни и едноставни за употреба, а делуваат во насока на подигнување на степенот на хигиена кај децата во училиштата со цел превенција на ширење на вируси и други заразни болести.
Апаратот е составен од самостоен бесконтактен сталак за дезинфекција со сензорски диспанзер, кој на брз, лесен и безбеден начин го дистрибуира средството за дезинфекција.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, истакна голема благодарност до Комората на сметководители, кои даваат поддршка на она што е најважно во општеството, образовниот систем и младите.
-Континуираната соработка со деловната заедница и одѕивот на општествено одговорните субјекти да им помогнат на општините во борбата со Ковид-19 преку вакви донации повторно вроди со плод. Среќен сум што на ваков начин дополнително ги штитиме нашите најмлади жители. И благодарам на Комората на сметководители што допринесе училиштата и градинките во Ѓорче Петров да добијат вакви апарати, а преку нив и соодветни и здрави услови за престој во затворени простории. Апелирам на максимално почитување на протоколите со цел заеднички да придонесеме кон намалување на последиците од пандемијата- изјави Наумоски.
Како што истакна Сашо Раденковиќ, претставник на бордот на комората, апаратите од една страна ќе пружат побрза и побезбедна дезинфекција во училиштата што е особено важно за одржување на повисоко ново на лична и колективна хигиена.