Обезбедена квалитетна вода за граѓаните долж ул. “Шарпланинска”

Во периодот од 2013-2015 година во УЗ Даме Груев, долж ул. “Шарпланинска” на потег од ул.”Тиранска” до ул. “Николај Островски”, изведена е водоводна мрежа – крак со профил Ф150мм и Л=460м¹ и истата е започната,  но недовршена.

Поради тоа, граѓаните со години се соочуваа со неквалитетна вода која ги опфаќа жителите на потегот на овие три улици. Но, минатата недела, овој проблем е решен. Од сега, па натаму, жителите во тој дел ќе конзумираат почиста и поквалитетна вода, благодарение на изведеното кружно движење на истата.