Нов паркинг простор пред ООУ ,,Јоаким Крчовски”

Финишираат градежните работи за изведба на паркинг простор со 16 паркинг места кај основното училиште Јоаким Крчовски во Волково.

Со изведбата ќе се реши сообраќајниот метеж што се создаваше кај автобуската постојка.

По асфалтирањето, градежните работи продолжуваат со изведба на паркинг на местото од старата полициска станица (улица Шидска) со капацитет за 50 возила.