Нов кошаркарски клуб “ТНТ”-Ѓорче Петров

Со поддршка од општината, во Ѓорче Петров се отвори нов кошаркарски клуб “ТНТ”-Ѓорче Петров. Отворањето на овој спортски клуб во кој ќе тренираат млади до 18 години, а за почеток ќе се натпреварува во третата кошаркарска лига, е доказ дека општината заедно со спортските работници активно работи на постојан развој и одржување на спортот, како и на тоа да ги мотивира младите да почнат со спортски активности.
Градоначалникот Александар Наумоски изрази задоволство што во негов мандат општина Ѓорче Петров се враќа на спортската сцена, но и поради тоа што младите ќе можат да тренираат и да придонесуваат во својата општина, наместо на други места. Тој истовремено нагласи и дека општината стои на располагање за активно враќање на спортот и за негов континуитет во Ѓорче Петров.