Нов вакцинален пункт и рентген апарат во Поликлиника-Ѓорче Петров

Министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исијановски ја посетија Поликлиниката во Ѓорче Петров каде се пуштени во употреба нов вакцинален пункт и рентген апарат.
Општината, иако нема директна надлежност, донираше мебел за 4 ординации во вакциналниот пункт, а ја опремивме и игротеката која првпат се отвора во овој дел од Поликлиниката. Неодамна, инсталирана беше и нова урбана опрема во дворот на оваа здравствена установа.
Заедно со централната власт во континуитет се грижиме за здравјето на пациентите, го подобруваме здравствениот систем и условите за работа на здравствените работници.