Ново детско игралиште, ЛЕД осветлување, подобрување на условите за настава во ПООУ Јоаким Крчоски во Никиштани

Градоначалникот Александар Наумоски беше во работна постена на село Никиштани каде во моментов се изведуваат завршните работи за поставување на новото ЛЕД осветлување.

Во завршната фаза се монтираат уште 50-тина светилки, со што се зголемува видливоста и безбедноста на жителите.

Никиштани добива уште една зона за најмладите. Изведено е ново детско игралиште на средсело.

Наумоски оставри и средба со локалното население а го посети и подрачното училиште ,,Јоаким Крчоски“ каде се изведени градежни работи за проширување на паркинг просторот пред училиштето. Извршена е комплетна сакација на детското и спортско игралиште, поставена е пристапна рампа пред влезот на објектот а ќе се изведе и пристапна патека за учениците со физичка  попречност.