Новогодишни пакетчиња за штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот ,,Порака”  во Волково

Предновогодишно, градоначалникот Александар Наумоски ги посети штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот ,,Порака”  во Волково. Традиционално, на заедничкиот ручек кој го обезбеди Трајче Толевски беа поделени новогодишни пакетчиња.

Празниците носат убави моменти, а споделената радост е поголема радост. Денеска, со скромни подароци на заедничкиот ручек успеавме да измамиме насмевка од штитениците во Центарот за лица со пречки во развојот ,,Порака”  во Волково, истакна Наумоски.

Благодарност и до Open Fun Football Schools – Gjorce Petrov и vitalia healthy food.