Новогодишна честитка

Почитувани согрѓани

Во време на поделби и разлики, на предрасуди , да си подадеме рака и да се сплотиме за заедничка подобра и посигурна иднина. Да зачекориме со позитивна мисла, силна верба и надеж за подобро утре. Искрено се надевам дека во годината што доаѓа ќе се посветиме на убавите и позитивни нешта.  Да создадеме општество во кое нашите деца ќе живат во просперитет и благосостојба. Никогаш нема да бидам задоволен од тоа што е сработено, но можам да ветам дека ќе се борам за подобро утре на сите Ѓорчепетровци.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2019-та година!!!