Нови две занимални во објектот „Детелинка“

Општина Ѓорче Петров и Министерството за труд и социјална политика стартуваа со вовед во работа за доградба на објектот „Детелинка“. Со ова, ги прошируваме капацитетите за уште 50-тина дечиња во две нови занимални. Рокот за изведба е 14 месеци.

Општината заедно со централната власт посветуваат големо внимание за решавање на долгогодишниот проблем од недостиг на капацитети за дечињата во претшколска возраст.

Истовремено се работи и на градинката во Волково, целосно нова со капацитет од околу 200 деца која се гради со одлично темпо.

Напоредно, разгледуваме можности и за зголемување на други капацитети.