Нова урбана опрема на кејот на Вардар

Кејот на реката Вардар на територија на општина Ѓорче Петров доби нова урбана опрема.
Шеталиштето кое масовно го користат граѓаните добива нов современ лик – по чистењето на вегетацијата и патеката, поставени се нови клупи и корпи за џебен отпад.
Апелираме да се сочуваат, бидејќи во повеќе наврати се соочуваме со нивно целосно уништување.