Нова урбана опрема во Реонскиот парк во Ѓорче Петров

Паркот во Ѓорче добива поинаков модерен лик. Во соработка со Град Скопје, веднаш до детското игралиште поставена е релаксирачка клупа во П-форма, со челична конструкција изработена од дрвена опшивка-тика.

Веруваме дека ѓорчепретровци ќе одмораат и ќе уживаат додека ги гледаат најмилите како си играат.

Да ги сочуваме убавите работи во општината и секако, да ги унапредиме за подобар и полесен живот.

Релаксирачки П-клупи градот постави и во Градскиот Парк, Паркот Ибни Пајко, во дворот на Градежниот факултет и во нашиот парк.