Нова стратегија и помош за глувите лица во општина Ѓорче Петров

Општина за сите. За прв пат правиме натална карта на глуви и наглуви лица на територија на општина Ѓорче Петров. Општината за прв пат иницираше  средба,се со цел од прва рака да се слушнат проблемите и да се помогне во рамките и можностите кои ги има локалната самоуправа за нивна помош. Првично на 20 глуви лица , општината им додели еднократна парична помош.

Во новата општинска зграда ќе има една просторија за сите лица со попреченост, каде заеднички ќе се обидеме да ги решаваме проблемите, истакна градоначлникот Александар Наумоски. Тој додаде и дека ова е само прва средба, ваквите собири ќе станат традиција. Потребно е да се зајакне соработката помеѓу Сојузот на глуви лица и општината. Ефекти може да има и од аплицирање на меѓународни пректи за добивање на европски пари.

Од Сојузот на глуви посочија дека ваква средба се случува за прв пат, и дека се изненадени некој да сести на нив, на друг ден а тоа да не биде 3 декември, Ден на лицата со  инвалидност. Наумоски вети дека ваквите средби ќе станат традиција.