Нова серија реконструкција на детски катчиња

На барање на граѓаните, општина Ѓорче Петров интервенираше на неколку детски катчиња низ населбата.
Саниравме штети и повторно адаптиравме за употреба игралишта за најмладите во Даме Груев и на улиците “Воин Драшкоци” и “Веле Марков” во Хром, со што ја продолживме серијата реконструкции каде децата се забавуваат, особено во летниот период.
Истовремено, односно пред завршување на школската година, ги заменивме и кошевите во основното училиште “Страшо Пинџур”.