Нова ограда во ООУ ,,Мирче Ацев”

Започнаа градежните работи за реконструкција на оградата во училишниот двор во должина од 370 метри.

Средствата се обезбедени преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од МЦГО со кофинансирање од страна на општината.   Со новата ограда ќе се зголеми безбедноста на учениците,  и ќе се заштити училиштето од вандализам.

Оградата треба да биде завршена  до крајот на годинава.