Никиштани добива ново детско игралиште

Во тек се градежни работи за изградба на ново детско игралиште на средсело во Никиштани. Покрај детските реквизити ќе биде поставена нова урбана опрема и јавно осветлување. Клупи и корпи за отпадоци ќе се постават и во дворот на подрачното училиште.

Претходно, општина Ѓорче Петров ја заврши реконструкцијата на веќе постоечкото детското игралиште. Беше извршено  бојадисување на елементите на игралиштето,  а се она што е дотраено, беше заменето. Со реконструкцијата беше   опфатена и оградата на игралиштето.

Примарната цел на општината е да развива вакви зони за рекреација и забава на најмалите.