„Ние за нас“, културно-спортски настан утре во Ѓорче Петров

На мултифункционалното игралиште на улицата „Христо Батанџиев“ во општина Ѓорче Петров утре ќе биде организиран културно-спортски настан во пресрет на Денот на народното востание-11 Октомври.

Општина Ѓорче Петров заедно со приватни субјекти првпат ја организира оваа манифестација насловена „Ние за нас“.

Истата ќе опфати спортски активности, односно ревијално возење велосипед, играње мал фудбал меѓу ученици од дел од основните и средното училиште, како и во културно-уметничкиот дел, настап на КУД „Григор Прличев“, ЕФЗ „Седум осмини“ и пензионери од Ѓорче Петров, како и настап на познатите изведувачи Наум Петрески и Зуица Лазова.

За крај на денот, организиран е и забавен дел во кој присутните ќе имаат можност да се забавуваат со рок музика.