На 20-тата седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беа усвоени 20 точки од дневниот ред.

Намалување на загадениот воздух преку субвенции за печки на пелети и инвертер клими. Советот на Општина Ѓорче Петров на  20-тата седница  донесе предлог програмата со која се планираат средства кои дирекно ќе влијаат на заштита на животната средина, а особено на аерозагадувањето. Од следната грејна сезона се предвидува на жителите на Ѓорче Петров да им се даде шанса  и можност да го променат начинот на греење преку стимулирање со субевнција. Општината, за мерката печка на пелети ќе може да издвои максимум до 30.000 денари а за средствата за инвертер клима уред би биле најмногу до 20 илјади денари по апликант. Советниците дадоа и зелено светло за програмата со која се предвидува и продолжување на проектот за субвенционирање на енегретски ефикасни фасади во стамбени згради.

За наредната година се планира и да се доделуваат  10 стипендии за талнтирани и надарени учници. Продолжува проектот за бесплатна ужинка за првоодделенците, како и бесплатен изелет за основците од прво до четвртто оддление.