На улицата “Борис Сарафов” поставен е семафор-наскоро пуштање во употреба

Поставен е семафор на улицата “Борис Сарафов” кај основното училиште “Мирче Ацев” кое важеше за критична точка во сообраќањето низ Ѓорче Петров.
Се очекува во секој момент ЕВН да постапи во однос на пуштањето електрична енергија, со што семафорот веднаш би бил пуштен во употреба.
Во меѓувреме, се поставуваат и останати сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица. Напоредно со семафорот, беше поставена и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, пред се на децата.
Наскоро очекуваме и уредување на зеленилото околу семафорот, заради подобра видливост на истиот. Од МВР, пак, имаме информација дека зачестена е сообраќајната контрола во тој дел на Ѓорче Петров, со што очекуваме целосно решавање на доскорешните проблеми во сообраќајот долж улицата “Борис Сарафов”.