На терен комисија за издавање потврди за обработливо земјоделско земјиште

Општина Ѓорче Петров ги известува граѓаните дека од септември веќе е формирана комисија за издавање потврди за обработливо земјоделско земјиште која излегува на терен и може да одговори на потребите на нашите жители. Општината веќе стартуваше со издавање потврди, а сите граѓани кои имаат потреба од овој документ, потребно е да поднесат барање во секторот-урбанизам.