Најмодерната градинка во земјата се гради со одлично темпо

Градоначалникот Александар Наумоски заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски, ЗМТСП Ѓонул Бајрактар и ДЗМТСП Санела Шкријељ изврши увид во градежните работи на најмодерната градинка во Волково, објект кој прераснува во гордост на Ѓорче.

Според темпото на работа, се очекува градежните работи да завршат во предвидениот рок до средината на наредната година, кога ќе ги отвориме вратите за нови 200 дечиња.

Изградбата е дел од „Проектот за условени парични надоместоци (УНП Проект)“ кој се реализира од Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска банка. Вредноста на градинката е над 80 милиони денари, а проектот е на тим од општина Ѓорче Петров.