Најмладите од ООУ “Страшо Пинџур” во посета на општината

Во посета на општина Ѓорче Петров денеска дојдоа дечиња од четврто одделение од основното училиште “Страшо Пинџур”.
Најмладите се сретнаа со градоначалникот Александар Наумоски при што му поставија многу прашања поврзани со работата на локалната самоуправа, а се интересираа за работата на Советот, како се одвиваат седниците на Советот, приемниот ден, но и за тековни прашата поврзани со работата на градоначалниот и администрацијата.
Наумоски пред дечињата се заложи дека ќе работи во насока на создавање добри услови за нивна безгрижна иднина.