Наумоски се приклучи кон акцијата за генерално чистење на училиштата

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Етула Амети се приклучија кон есенската акција за генерално чистење на општините, со акцент на училиштата и градинките.
Во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ со младите ученици градоначалникот и помошник-директорот рециклираа отпад, засадија симболично дрвце, а истовремено и учествуваа на еко-презентацијата од страна на вработени во ЈП „Комунална хигиена“, наменета за едукација на најмладите.

Општина Ѓорче Петров во континуитет напорно работи на подобрување на состојбите во животната средина од секој аспект, самостојно, но и со помош на Градот и надлежните институции. Во таа насока, тековно продолжуваме со континуирана работа, особено на главните и споредни улички, местата околу контејнерите кои се критични точки, но и вонредно, секаде каде што има потреба од интервенција.