Наумоски на тренинг на одбојкарскиот женски клуб “Ѓорче Петров – Волеј”

Ѓорче е расадник на спортски таленти. Потврда за тое е што активно се играат речиси сите спортови низ салите и терените. И женската одбојка е меѓу најпопуларните.

Градоначалникот Александар Наумоски оствари  средба со тимот на “Ѓорче Петров – Волеј” кои тренираат во спортската сала во Ново Село, во состав на училиштето Тихомир Милошевски.

Општината континуирано ги помага сите индивидуални спортисти и клубови.

-Секогаш сум се залагал и ќе продолжам да давам безрезервна поддршка за сите спортисти.Само така може да создадеме здрава младина, истакна Наумоски.