Наумоски на средба со пензионерите од Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски денеска оствари средба со  членови на Здружението на пензионери на Ѓорче Петров. Возрасните граѓани на општината секогаш имаат позитивни сугестии за подобар живот на сите граѓани.

Градоначалникот и пензионерите се задржаа на прашања од инфраструктурата, осветлувањето, деталните урбанистички планови итн. Пензионерите излегоа со свои предлози кои Наумоски, како што рече, ќе се обиде да ги реализира, а дел од нив се веќе во програмите за реализација.

Како позитивна вест за оваа категорија лица е тоа што општина Ѓорче Петров прави напори во буџетот за следната година да предвиди милион ипол денари за отворање три пензионерски клубови на локации во Ѓорче Петров кои ќе им бидат целосно ставени на располагање на пензионерите.

– Имаме одлична соработка со претставниците на 7.000 пензионери од општината. Сите нивни активности се поддржани од наша страна. Ја искористив можноста и да ги информирам дека укинати се и квотите за лекови, а унапредени се и здравствените услови за пензионерите-сите лица над 65 години може бесплатно да се вакцинираат. Од јануари 2020 година, пензионерите ќе добијат покачени пензии за 700 денари. Македонскиот пензиски систем почна да заздравува – истакна Наумоски.