Наумоски на средба со иноваторот Ристески

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски оствари средба со еден од лидерите во иновативните технологии и одличен репрезент на општината, Петре Ристески кој креираше иновативни пречистувачи на воздух со 100-процентна елиминација на ПМ 10 честичките.

Ристески е добитник на грант од Фондот за иновации и технолошки развој и има одлична идеја која веќе се реализра. Со природни материјали изработени се пречистувачи за во автомобил и за домашна примена, а до крајот на следната година пласирани на пазарот ќе бидат и пречистувачи за издувни гасови и амбиенталните за надворешни услови. Претходно, Петре со помош на грант од Фондот го осмисли и изработи паметниот грмобран кој најде примена на над 100 објекти.

Активните мерки на Владата за поддршка на иноваторите за самовработување, успешно користење на нивната креативност, особено преку отворање сопствени бизниси, во континуитет даваат позитивни резултати на пазарот.