Наумоски на средба со борците

Општина Ѓорче Петров континуирано ги помага активностите на Сојузот на борци и почитувачите на нивното дело.

По повод континуираната соработка, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски викендов присуствуваше на коктел на кој на општината и беше доделена благодарница за заложбите за продолжување на нивната борба за просперитетна и напредна Република Северна Македонија.

-Имав чест да разменам историски моменти од единствениот жив борец Владо Божиновски од Бардовци, кој има 97 години. Им посакав добро здравје и среќни новогодишни празници – рече Наумоски по средбата.