Наумоски на одбележување на Светскиот ден на хоспис и палијативна нега на стари лица

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска во ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медиција „13 Ноември“ присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на хоспис и палијативна нега на стари лица.

Во своето обраќање пред присутните, Наумоски повторно ја искористи можноста да му се заблагодари на медицинскиот персонал за целата заложба во борбата против коронавирусот.

Светската пандемија, како што рече е „чума на 21-от век“ која со заеднички напори, дисциплина и следење на насоките и препораките од здравствените власти ќе се надмине многу побрзо.

Градоначалникот нагласи дека „13 Ноември“ е установа која во контиунитет силно се залага за подобрување на медицинските услови за пациентите во третото доба и продолжување на нивниот животен век. Потсети дека не смееме да ги заборавиме овие граѓани и оти треба секојдневно да им бидеме благодарни за се она што тие своевремено правеле за нас.