Наумоски на именување на улицата “Столтенбергова”

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски присуствуваше на именувањето на улицата “Столтенбергова” во знак на благодарност на скопјани за несебичната помош и заслуги на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година.

На свеченоста по повод именувањето на улицата што ги поврзува Градскиот парк, градскиот стадион и кејот на реката Вардар во организација на Град Скопје, присуствуваше неговиот син, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер кој е во официјална посета на главниот град по повод претстојниот референдум на 30 септември за членство на земјата во ЕУ и НАТО.