Наумоски даруваше крв во рамки на хуманитарен хепенинг

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски даруваше крв во рамки на хуманитарна акција во чест на нашата сограѓанка, Марија Мијаловска која пред две години го загуби животот во сообраќајна незгода.

Иницијативата на нејзиното семејство и пријателите за постхумно одбележување на нејзиниот 30-ти роденден на ваков начин беше веднаш прифатена од страна на општината.

Роденденот на Марија беше одбележан и преку музички перформанс во реонскиот парк во Ѓорче Петров, каде преку продажба на пијалоците од концертот, се собираа средства за лекување на Симона која боледува од Фридрикова атаксија.