Наумоски во посета на две семејства-социјално ранливи категории

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски посети две семејства од Ѓорче Петров кои се во социјален ризик-самохрана невработена мајка со три дечиња и социјално загрозено семејство на кои им донираше пакети со храна и со средства за домаќинство за нивните основни потреби.
-Задоволство е да им се посвети дел од секојдневието, и покрај безбројните обврски како градоначалник, и да се видат нивните насмевки при вакви посети, особено во пресрет на зимската сезона и новогодишни и божиќни празници, рече Наумоски при посетата.
Во оваа насока, локалната и централната власт посветено градат праведно и хумано општество, создавајќи услови за развој на нашата земја и подобар живот за сите наши граѓани. Покачена е минималната плата на 14.500 денари, веќе 6 месеци се исплаќа зголемената социјална помош за 25.794 домаќинства, воведовме социјална пензија, а проширена е и достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца.