Наставниците од Ѓорче Петров подготвени за ,,Училишта на 21 век”

Нови наставни практики за учениците на  возраст од 10 до 15 години.

Основните училишта  Мирче Ацев и Димитар Поп Герогиев Беровски од годинава се дел од тригодишната програма „Училишта на 21 век“, чија цел е подобрување на образованието преку развивање вештините за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. Наставниот кадар се обучи како да се употребуваат вештините за кодирање со микробит уреди за кодирање, но и како да се насочуваат учениците поинаку да размислуваат во решање на проблемите.

Крајниот ,,продукт” e градење на нови и нови генерации кои секогаш ќе бидат подобри од претходните. Генерации кои ќе имаат развиена критичка мисла и добро ќе ги познаваат и ќе ги поседуваат вештините кои се најчесто барани на пазарот на труд.

Програмата  ,,Училишта на 21 век”, финансирана од Владата на Обединетото Кралство во износ од 10 милиони фунти, опфати 63 училишта и обука на 380 наставници а сите основни училишта добија по 20 до 30 микробит уреди (компјутер за кодирање), на кои децата ќе програмираат за време на часовите.