Наскоро решение за сообраќајните проблеми кај училипштата “Мирче Ацев” и “Ѓорче Петров”

Работна група составена од претставници од Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и граѓанската иницијатива “На точак”, заедно со градоначалникот Александар Наумоски дискутираа за можни решенија за неколку горливи проблеми поврзани со сообраќајот и сообраќајните незгоди кои се случија на улици во општината.
Акцентот беше ставен на улицата “Борис Сарафов”, особено во делот кај основните уличилишта “Мирче Ацев” и “Ѓорче Петров”. Целта е да се заштитат пред се децата од училиштата од брзото сообраќање во тој дел од населбата.
Стана збор за повеќе решенија, меѓу кои т.н.воздушни перничиња, заштитни огради, столпчиња пред училиштата или семафори, се до трајно и конечно решение на проблемот со конкретен проект кој се очекува наскоро.