Општина Ѓорче Петров ја поддржува кампањата на Министерството за труд и социјална политика за поддршка на жртвите на семејно насилство.
УНДП заедно со МТСП, други институции и со сите граѓански здруженија што работат на ова поле, креираат апликација „Биди безбедна“, на три јазици – македонски, албански и ромски. Оваа апликација е создадена за да се овозможи брза реакција од институциите во случај на родово базирано насилство.
Самата апликација има поставено јасни насоки за функционалноста и за можностите што ги нуди за да спречи насилство.
Главната цел е дека преку неа може во истиот момент да се дејствува преку две опции: да побараш Помош преку Националната СОС-линија и/или Моја поддршка, каде што имаш однапред одбрано неколку броеви од твојот именик, односно блиски што можат веднаш да ти помогнат.
Со самото притискање на тие опции, апликацијата ја испраќа твојата локација заедно со краток текст до надлежните институции и/или личноста по твој избор. Како други опции, односно начини за поддршка, освен јасни инструкции има полиња со важни контакти, дел наречен Моите права, совети, протокол и лични сведоштва на жртви на насилство.
Линк до апликацијата:
Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US
Информирајте се подетално како да ја користите апликацијата на следниве видеа.
МКД: https://youtu.be/kmfdgqiHnBk
АЛБ: https://youtu.be/q4D-sN4MIaY
РОМ: https://youtu.be/I0ipzIP2mYY
https://www.youtube.com/watch?v=ui6zsjHiXXw – Сара Миленковска
https://www.youtube.com/watch?v=m7i0JrM7sq0 – Кика Авеиро