Меѓународен форум за поврзување на општини од Македонија и Србија

Претставници на општина Ѓорче Петров, Ирена Маринова и Саша Максимовски учествуваа на меѓународниот форум за поврзување и вмрежување на единиците на локална самоуправа од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и единиците на локална самоуправа од Македонија, како и на меѓународната конференција “Учиме од соседите” организиран од страна на Центарот за развој на Јабланички и Пчињски регион.

Целта на дводневниот собир беше вмрежување на градовите и општините од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и општини од северозападниот и Скопскиот регион во Македонија со цел што подобра подготовка за учество во програмата “Прекугранична соработка Србија – Македонија”, како и одредување на теми од интерес за развој на прекугранични проекти.

Воедно, од страна на претставници на 28 општини од соодветните региони се потпиша и Меморандум за разбирање и соработка со цел за јакнење на соработката на полето на економскиот, регионалниот и прекуграничниот развој, а пред се, во областа на подготовка на зеднички проекти во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Во 2019 година се очекува да се објави повик за предлог-проекти на кој општините во партнерство би аплицирале за средства, а вкупниот фонд на средства од програмата се очекува да биде околу 3,6 милиони евра.