Меѓународен ден на лицата со попреченост

Сите деца се еднакви!  Се грижиме сите да бидат рамноправно интегрирани во образовниот процес и да им го олесниме секојдневието. На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски се дружеше со дечињата од  ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“-Хром во кое заедно со централното училиште учат 16 ученици со посебни образовни потреби.

Во зависност од нивните потреби, општината за дел од нив има ангажирано образовни или лични асистенти кои им помагаат во текот на училишниот ден.

-Задоволство е да видам како нашиот амбасадор малиот Јане и херојот Лео успеваат да ги поминат сите потешкотии во наставниот процес, со помош на наставниот кадар и соучениците. Општина Ѓорче Петров веќе има проект за доградба на ова училиште со нови училници и внатрешен лифт, како и на училишна спортска сала кои очекуваме да стартуваат во 2020 година, рече Наумоски при посетата на училиштето.

По повод овој ден, Наумоски и фудбалерот Дејан Тантуровски на Јане и Лео им подарија дресови од спортската гордост на општината-ФК Македонија Ѓорче Петров, потпишан од сите фудбалери.