Меморандум за соработка со „Културно ехо“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски потпиша Меморандум за соработка со здружението на граѓани „Културно ехо“.
Целта е да се иницира јавна дебата во врска со напуштените објекти на територија на општина Ѓорче Петров кои се примерок на културното и индустриско наследство. Истите може да се ревитализираат и пренаменат за да го подобрат социо-економскиот амбиент во општината. Воедно, овие објекти имаат и значителен инвестициски потенцијал.