Матичните лекари од Поликлиника-Ѓорче на располагање на пациентите кои имаат сомнеж за Ковид-19

Телефонските броеви 08 0000 203, 078/387-194, 071/289 614 се 24 часа достапни за лица кои имаат симптоми или се сомневаат дека се заболени од вирусот. Воедно, на располагање се и матичните лекари во Поликлиниката во Ѓорче Петров.
Од Поликлиниката информираат дека за било каква друга потреба од посета на матичниот, прво се закажува телефонски директно кај докторот. Задолжително, при посетата на Поликлиниката да се носат заштитни маски и ракавици и да се почитуваат препораките при движење во просториите.