Математичари од ООУ “Тихомир Милошевски” наградени на натпревар во Несебар

На петтото финале на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ одржан во Несебар, Република Бугарија од 29 јуни до 2 јули, на кој учествуваа 15 земји финалисти од цел свет, македонските натпреварувачи од општина Ѓорче Петров-OOУ “Тихомир Милошевски”, освоија голем број награди.
Пехарите, медалите, наградите и пофалниците на учениците Блаже Суклевски, Зоран Ристовски, Петар Колевски, Константин Ѓоргиевски и Никола Спасов се доказ дека имаме вистински таленти кои се амбасадори на нашата држава и со кои треба да сме горди.
Градоначалникот Александар Наумоски го овозможи престојот на нашиот математички тим кој го предводеше наставничката по математика од ООУ “Тихомир Милошевски”, Анкица Спасова.