Локација и санација на дефет со губење на вода во ООУ ,,Ѓорче Петров”

Го санираме дефекот со губење на големо количество на вода во ООУ ,,Ѓорче Петров”. Лоциран е дефектот кој доведе до енеромни сметки и нерационална потрошувачка на вода.

Конечно, го решаваме овој долгогодишен проблем.

Во изминатите години, општината плаќаше 5 цифрени сметки за загуба на вода, која во изминатиов период евидентно се потврди дека не е од учениците и наставниците.

За краток период, Секоторот за урбанизам анагажирајќи специјализирана фирма за контрола на загуба на вода  го детектираше дефектот и интензивно се работи на негово отклонување.

Место нерационални сметки за вода кои досега ги плаќаше општината, средствата ќе се користат за суштински потреби на училиштето.