Летна офанзива и инфраструктурни зафати во градинката ,,Росица”

По 38 години, комплетна реконструцијата на кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“. За 30 дена овој објект ќе добие реновирана кујна по сите нормативи и ХАСАП стандарди. Градежните работи  се изведуваат во попладневните часови како и за викендите. Појадокот и ручекот се одвиваат непречено а за нивно подготвување е оспособена помошна кујна. Инвестицијата чини околу 600 000 денари.

Истовремено,  етапно ќе се варосува внатрешноста во објектот ,,Пампурче” во градинката во населбата Даме Груев. Средствата ги обезбеди градинката ,,Росица”.

Секое дете ни е важно, а овозможувањето на подобри услови за подобар раст и развој на сите деца ни е врвен приоритет!