Летна акција за чистење на општина Ѓорче Петров

Град Скопје утре ќе спроведе акција за генерално чистење на општините во своја надлежност. На наша територија, јавните претпријатија ќе ги мијат и чистат улиците, предвидено е кастрење на гранки по сообраќајниците, ќе се отклонуваат диви депонии, ќе се санираат дупки по главните улици . Дополнително, на три локации ЈП,,Комунална хигиена” ќе постави контејнери за депонирање на кабаст отпад:

на улица ,,Лука Геров”, на првиот паркинг веднаш до трафостаницата

во Дексион на последната постојка на автобуската линија бр.5

во Хром на улица ,,Воин Драшкоци”

Контејнерите ќе бидат поставени попладнево, а граѓаните ќе може да го депонираат својот стар мебел во наредните 24 часа.