Кружен тек во Волково и проширување на патот кон село Кучково.

Општината преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства за решавање на деценскиот сообраќаен проблем на граѓаните кои транзитираат во овој дел на Ѓорче. Се подобрува пристапот на околу 10 000 жители на село Волково, 500 на село Орман, 1200 на село Никиштане, 200 жители на село Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово. Со кружниот тек ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот а просторот ќе добие целосно нов и уреден лик.
Паралелно ќе се изведуваат и градежните работи за проширување на патот кон Кучково. Ширината на коловозот ќе се зголеми и ќе изнесува 6 метри а безбедноста на пешаците ќе се реши со изградба на тротоари од двете страни на патот со широчина од по 2 метри. На сообраќајницата како и на кружниот тек ќе се постави ново улично осветлување.
По завршување на тендерската документација и изборот на најповолен изведувач се очекува градежните работи да започнат во јули а рокот на реализација е 4 месеци.