Косење површини на улицата “Мечкин Камен”

Општинските служби деновиве продолжија со континуирано чистење и косење површини, онаму каде што е неопходна акција, но и каде со години претходно било занемарувано решавањето на проблеми од ваков тип кои ги засегаа граѓаните.
Заради итно делување, се работеше на улицата “Мечкин Камен”. Од општината апелираат за трпение од граѓаните, бидејќи акцијата ќе продолжи да се одвива секојдневно и на други локации.