КОНКУРС доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров

Врз основа на член 18 од Правилникот за доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров, (Службен гласник на Општина Ѓорче Петров бр. 5/2016), Комисијата за образование, наука, социјална, здравствена заштита и заштита на деца при Советот на Општина Ѓорче Петров објавува:

КОНКУРС
доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во општинските основни училишта во Општина Ѓорче Петров

Наградите, дипломите и пофалниците се доделуваат на учениците и просветните работници поединечно и групно за особени постигнувања и успешни резултати во воспитно-образовната дејност.

Советот на Општина Ѓорче Петров ги доделува следните награди:

(1) Плакета за Првенец на генерација на Општина Ѓорче Петров за основно образование;
Првенец на генерација на Општина Ѓорче Петров за основно образование се избира од редот на Првенците на генерација на основните училишта.
Пријавените кандидати треба да достават:
• потврда за континуиран одличен успех по сите наставни предмети и примерно поведение во текот на школувањето и
• освоени награди, дипломи, пофалници, или признанија од натпревари по наставни предмети во текот на основното образование.
Се приложува и вреднува само највисокото достигнување на ученикот во одредената област, односно се бодува дипломата која носи најмногу бодови за секој предмет поединечно за секоја учебна година од I оделение до IX оделение.
Учениците пријавите со соодветна документација ги доставуваат до општинското основно училиште во кое учат.
Ученикот кој е прогласен за Првенец на генерација на Општина Ѓорче Петров за основно образование добива плакета и награда (часовник, компјутер, лаптоп или др) во вредност од 10.000 ден.

(2) Диплома за најдобар ученик за IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение;
Најдобар ученик за IV, V, VI, VII, VIII и IX оделение на Општина Ѓорче Петров се избира од редот на најдобрите ученици за IV, V, VI, VII, VIII и IX оделение од основните училишта на Општина Ѓорче Петров.
Пријавените кандидати треба да достават:
• потврда за одличен успех по сите наставни предмети и примерно поведение во тековната учебна година и
• освоени награди, дипломи, пофалници, или признанија од натпревари по наставни предмети во тековната учебна 2015/2016 година.
Се приложува и вреднува само највисокото достигнување на ученикот во одредената област, односно се бодува дипломата која носи најмногу бодови за секој предмет поединечно за тековната учебна година.
Учениците пријавите со соодветна документација ги доставуваат до општинското основно училиште во кое учат.
Учениците кои се прогласени за најдобри ученици за IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение добиваат посебни дипломи и награди (часовник, таблет, енциклопедија и др ) во вредност од 3.000ден.

(3) Посебни Пофалници за постигнат особен успех во определени области како на пример спортот, музичката или ликовната уметност и др.
Посебна Пофалница за постигнат особен успех во определени области како на пример спортот, музичката или ликовната уметност и др. се доделува поединечно или групно на ученици и/или просветни работници кои постигнале успеси во одредени области, имаат освоено награди, дипломи и признанија и ја промовираат Општината Ѓорче Петров.
Пријавените кандидати треба да достават
• освоени награди, дипломи, пофалници, или признанија од натпревари по наставни предмети за тековната учебна година.
Учениците пријавите со соодветна документација ги доставуваат до општинското основно училиште во кое учат.
Просветните работници пријавите со соодветна документација ги доставуваат до Комисијата за образование, наука, социјална, здравствена заштита и заштита на деца при Советот на Општина Ѓорче Петров.
Учениците и просветните работници кои добиле посебни Пофалници за постигнат особен успех во определени области добиваат посебна диплома и награда (поврзана со областа за која се наградени) во вредност од 3.000ден.

(4) Награда за истакнат просветни работник.
Награда за истакнат просветни работник се доделува на вработените (наставниот кадар во предметна и одделенска настава и стручните служби) во основните училишта за постигнат успех во воспитно образовниот процес.
Награда за истакнат просветен работник може да се додели на вработен кој има најмалку 3 години работно искуство во образовна институција и на кој последните три години не му била доделена награда за истакнат просветен работник.
Пријавените кандидати треба да достават
• оцена од последната интегрална евалуација,
• оцена добиена од Бирото за развој на образованието,
• потврда за учество во проекти на меѓународно, републичко или општинско ниво поддржани од Министрството за образование и наука, Општината или други образовни институции во последните три години,
• стекнати сертификати од стручно усовршување, семинари, курсеви и симпозиуми од овластени институции во последните три години,
• стекнати сертификати како обучувач или десеминатор во последните три години и
• освоени награди, дипломи, пофалници, или признанија како ментор на ученици во последните три години
Се вреднува само највисокото достигнување на просветниот работник во одредената област, односно се бодува дипломата која носи најмногу бодови за секој секој ученик поединечно на кој наставникот му бил ментор.
Просветните работници пријавите со соодветна документација ги доставуваат до Комисијата за образование, наука, социјална, здравствена заштита и заштита на деца при Советот на Општина Ѓорче Петров.
Кандидатите пријавите треба да ги достават до Општина Ѓорче Петров во затворен плик на кој треба да стои; За Конкурс за доделување награди, дипломи и пофалници на учениците и просветните работници во општинските основни училишта.
Истакнатиот просветен работник добива плакета и награда во вредност од 15.000ден.

Конкурсот трае до 10.06.2018

Број 0812-1820/3 Комисијата за образование,наука, социјална, здравствена
од 18.05.2018 година заштита и заштита на деца на
С к о п ј е Советот на Општина Ѓорче Петров